НЕ ЧЕКАЛЕ ДА ИМ ПАДНЕ КУФЕР ОД НЕБО: Млад брачен пар почнал свој бизнис, резултатите се одлични

АКЦИЈА
loading...

Брачниот пар Ивана и Шаре од Ада се одлучиле да се занимаваат со производство и преработка на овошје.

Тие прават домашен мармалад од кајсија, капина, малина, аронија, и црна рибизла.

Своите производи ги нудат на пазар или на манифестации во Нови Сад, Суботица, Палич, Бачка Топола и други места.

„Насадите со аронија и црна рибизла ги проширивме лани и мислам дека не згрешивме“ – велат тие.

За кајсиите додаваат дека има години кога ќе измрзнат и остануваат без род.

Нивна амбиција е да почнат да прават сушени сливи, чипс од јаболка и круши, сушен домат и слично.

Свежото овошје се продава во сезона, а сушеното може да се продава цела година.

Првите искуства им се позитивни, затоа што луѓето се заинтересирани.

Значење на сувото овошје

За да се одржи доброто здравје неопходно е да се придржуваме на одредени правила кои вклучуваат здрава исхрана, редовно спортување и редовен и продуктивен сексуален живот.

Сувото овошје во себе содржи голема количина важни хранливи состојки и тоа во адекватни количини.

Само сувото овошје е природен и богат извор на минерали, витамини и ензими. Лесно се вари и има голем удел во прочистувањето на крвта, како и на целиот систем за варење. Значи, предностите се повеќекратни.

Оние кои консумираат секојдневно суво овошје имаат добро здравје. Уште една позитивна страна на сувото овошје е тоа што може да се употреби при лечење на заболувања чија главна причина е внесување на неприродна и обработена храна.

И покрај својата минијатурност, оревите и сувото грозје, на пример, не’ снабдуваат со голема количина енергија.

loading...