Ексклузивно видео на ТВ24 од хаосот во станот кој направи паника во Скопјанка

АКЦИЈА
loading...

Голем број пелени со измет и урина кои биле пронајдени во еден од становите на вториот кат, се причина за миризбата поради која беа евакуирани станарите од скопски Аеродром.

После речиси шест часа откако зградата беше евакуирана дојде специјалната едница на Армијата за атомска, биолошка и хемиска одбрана (АБХО) која со нивната соодветна опрема и опремени со маски влегоа во зградата.

Откако претходно пожарникарите и инспекторите им кажаа на станарите дека се сомневаат оти миризбата доаѓа од еден од становите на вториот кат, тие влегоа во станот и за десетина минути излегоа. Потоа градоначалникот Петре Шилегов кажа дека причината била нехигиена, односно оставени купишта употребени пелени.

„Во стан 11 на втори кат е пронајдено големо количество користени пелени исфрлани наоколу. Почната е дезинфекција на станот и утре ќе се врши дезинфекција на целиот влез. На лице место е екипа од Центарот за социјални работи која разговара со жените кои живеат во тој стан за да бидат соодветно згрижени во текот на ноќта“ рече Шилегов.

Шилегов им рече на станарите дека ќе можат да се вратат во нивните домови наскоро. Тие не му веруваа на приказната за пелените, па тој мораше со видео снимка да им докажува дека навистина искористените пелени се причина за евакуацијата.

ТВ24 со ексклузивно видео од станот на стариците со пелените.

Видеото од хаосот во станот

loading...