„Викиликс“: Шекеринска во 2008-ма знаела дека Македонците нема да прифатат сложено име

АКЦИЈА

ТВ Алфа

„Викиликс“ открива дека уште во 2008-та Шеќеринска била свесна дека Македонците нема да прифатат сложено име за внатрешна употреба

Ниту еден Македонец не би ја прифатил идејата за сложено име , како што е „Горна Македонија“ или „Северна Македонија“ иако договорот со Грција би го барал тоа, му пренела Радмила Шеќеринска на конгресменот Тод По уште во 2008 , како тогашен претседател на опозициската партија, сведочи дописот на екс американскиот амбасадор Филип Рикер испратен до Државниот секретар на САД, Кондолиза Рајз. Според тајните документи на Викиликс, кои Алфа ексклузивно ги објавува, Шеќеринска уште тогаш открива дека СДСМ е флексибилна партија во однос на името.

-Додека таа забележува дека Македонците нема да прифатат идеја за сложено име , како што е „Горна Македонија“ или „Северна Македонија“ иако договорот со Грција би го барал тоа, укажува дека нејзината партија е флексибилна во однос на името, стои во дописот на Рикер до Рајз.

Средбата помеѓу По и Шекеринска се случила на 17 и 18 декември 2008 во Скопје, време кога уставните измени не биле на преговарачката маса а се разговара само за употреба на новото име со двојна формула – за надворешна употреба во меѓународни организации без промена на уставот за внатрешна употреба на името.

Знаела ли и тогаш Шеќеринска дека народот не прифаќа никаква промена на името и Уставот, како и сега во очи на референдумот, па повторно го избегнува секое коментирање на уставните измени кои треба да се случат до крајот на декември годинава?

Но не само Шеќеринска, и премиерот Заев неодамна порача дека доколку пред референдумот се презентираат Уставните промени за кои ќе се гласа на 30-ти септември, тоа ќе било непријатно влијание врз граѓаните.

Според Заев промените во Уставот кои ќе се носат по референдумот биле логични, ама за нив ќе се говорело јавно откако ќе се формирале официјалните државни комисии кои ќе работат на самите уставни промени. Од друга страна пак потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски коментира дека ваквите изјави на власта значат евидентно бегање на СДСМ од одговорот на прашањето и се поизвесно дека одиме на рефереднум без да ги знаеме уставните промени.

loading...