Уставен одлучи… Еве што велат подносителите Апасиев и Тодор Петров (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот. Според мнозинството судии, не постои сомнеж за неуставноста и незаконитоста на референдумот.

„Судот не изрази сомнеж за неуставноста и незаконитоста на оспорената одлука“, официјално велат од судот.

„Уставниот суд, во контрадикторна расправа, очигледно под притисок, со мнозинство гласови ги отфрли иницијативите за оценка на уставноста и законитоста на одлуката за распишување референдум. Референдумот ќе се одржи, останува бојкотот! Бојкотирам значи не гласам!“ – реагираше Тодор Петров.

Вториот подносител на иницијативата Димитар Апасиев, искоментира дека денес е погребан правниот систем на Р.Македонија, а како единствена преостаната опција за одбрана од ваквата состојба останува Бојкотот, односно неизлегувањето на референдумот.

 

Инфомакс

loading...