Секој има право да (не) ги сака НАТО, ЕУ и државата, но никој нема право да не го сака ИМЕТО

АКЦИЈА
loading...

Име или НАТО?
Име или ЕУ?
Име или држава?

Сите што го бираат второто, а го занемаруваат и потценуваат првото, треба да знаат дека имаат право и никој не смее да им го оспори правото да го сакаат НАТО (макар што е привремена творба), имаат право и никој не може да им го оспори правото да ја сакаат ЕУ (макар што е привремена творба), имаат право и да ја сакаат државата и никој не може да им го оспори тоа право (макар што е привремена творба), како што имаат право и да не ги сакаат сите три заедно или во која било комбинација, но немаат право да не го сакаат името, оти името не зависи од нивното сакање, како што не зависи од нивното сакање ни идентитетот на народот, јазикот, историјата. Тие постојат и без нив, им се допаѓало тоа или не.

Ќе се согласам со нив и дека е добро да се влезе во НАТО (ако толку сакаат) и тоа си има цена, но името не е таа цена.

Ќе се согласам со нив и дека е добро да се влезе во ЕУ (ако толку сакаат) и тоа си има своја цена, но името не е таа цена.

Ќе се согласам со нив и дека државава не чини (ако толку сакаат), и треба да ја направиме подобра државата сите, и тоа си има своја цена, но тоа не е името.

Она што не чини во државава си има свое име, но тоа не е името!

Името е она поради кое постои државата, а не обратно. Името, идејата содржана во него, е основниот услов за држава и државност. Државата може да пропадне, да банкротира, да исчезне некогаш, а можеби и никогаш, но без име, сигурно ќе ја снема!

Не постои држава без име, како што не постои име кое се откажало од својата држава.

Ќе бидеме ли првата држава која се откажала од своето име, од идејата за самата себе и тргнала да се материјализира без својата идеја?

И каква суштина таа материја ќе има ако нема свое име?
И каква материја ќе биде тоа ако нема свест за самата себе?
И каков живот таа ќе води ако има живот без себе…

Фејсбук статус на Трајче Бјадов

loading...