Професорката Ванковска го „зачешла“ Тони Михајловски со незгодната вистина

АКЦИЈА

Откако во еден од своите Фејсбук статуси професорката Ванковска изрази сомневање дека парламентарното мнозинство потребно за уставните измени е веќе обезбедено така што дел од пратениците на опозицијата веќе се „купени“ од страна на Заев и компанија, остро беше нападната од актерот Тони Михајловски.

„Па вашите информации и верувања се покажаа катастрофални за Македонија. Добро би било да замолчите. Може и ќе ни тргне. Оваа власт е ваше дело“– ѝ напиша Михјаловски на Ванковска (статусот што го испровоцира можете да го видите на ЛИНКОВ).

Но професорката не остана без одговор. Денес таа ги „поздрави“ и Михајловски и Најчевска во тандем. Напиша вака:

„Мислам дека Тони Михајловски и Најче треба да организираат дебата за тоа дали сум јас главниот фактор во уривањето или поддржувањето на власта на Груевски 🙂

Но, и двајцата ќе останат разочарани бидејќи немам намера да замолчам ни за орањето на нивата од страна на Груевски и компанија, и сеењето и жнеењето на СДСМ (ДУИ е константа, а не Ванковска – освен како критичар и на двата блока).

Да не не’ ничкосаше на колена претходната влада, сега немаше шутраци да не’ распродаваат. Медиумската битка во меѓународните кругови уште ја губиме поради моронскиот проект Скопје 2014 и Аце! Затоа ни е речиси невозможно да им објасниме дека битката овде не е за тоа чиј е Аце, туку дека ние имаме право на самоопределување согласно меѓународното и националното право!“

Постот

loading...