Пандов: Се шпекулира дека ќе прогласат успешен референдум со 700.000 излезност. Не е точно, бројката ја имаат намалено

АКЦИЈА
loading...

Денес на судењето за 27 април, сведок под заклетва кој е вработен во собранието, сведочел дека бројот на пратеници во собранието кои гласале за Таљат бил под потребниот број. Ова сведочење е доказ дека пред подоцнежните настани во собранието е направено кривично дело. И тоа ни помалку ни повеќе, избор на претседател на собрание, која по овластување е втора функција во државава!

Се ова ме потсети на информацијата на Сашо Клековски дека и со 700.000 излезност, меџународна ќе го легитимира референдумот, а гледам деновиве и други ја шират оваа информација.

Морам да го корегирам. Пошто не им иде по планирано сега бројката ја имаат спуштено на 536.000, или бар една илјада повеќе од гласовите за изборот на претседателот Иванов. Да се потсетиме за успешен референдум потребно е да излезат 903.000 гласачи.

Од тука многу е важно сите ние кои си ја сакаме Македонија и сакаме да останеме Македонци, во наредните 10 дена да се обидеме да му појасниме и на најтврдиот заевист, дека неговото излегување на 30-ти не е за европско владеење на правото, тука за најбрутално бришење на македонската држава и народ

#Бојкотирам

loading...