Зошто Џејмс Матис го викаат „бесно куче“

АКЦИЈА
loading...

Објавено на Фактор.мк

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кога го назначи јавно пред електоратот рече „го ангажираме бесното куче Џејмс Матис за секретар на одбрана“, по што американските медиуми брзо се фатија за работа зошто првиот човек на Пентагон носи таков прекар.

Пензионираниот генерал пак сам кажа дека јавните гласила всушност му го дале тој надимак најверојатно поради изјавите кои ги има дадено.

– Биди фин, биди културен, но во себе секогаш имај однапред план како да ги убиеш сите околу тебе – изјави Матис во една прилика. Тој вика дека блиските пријатели не го нарекуваат така, туку само војниците кои биле под негова команда.

Вилијам Коен, поранешниот секретар за одбрана на САД, исто така рече дека тој прекар не му доликува и не го опишува неговиот карактер.

– Тој епитет не му прилега. Повеќе би можело да биде “Храбро срце“. Тој е познат по храброста – рече Коен.

Низ историјата неколку јавни личности носеле вакви имиња во САД, но тоа биле мафијашки босови или спортисти.

Матис 44 години бил во служба на армијата на САД и никогаш не се оѓенил и не стекнал фамилија.

loading...