Заев: Децата во градинка прават компромис, вљубени во паркот прават компромис, јас со жена ми – правиме компромис (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Веројатно во недостиг на аргументиран пристап до граѓаните, кои како што и самиот кажа, би им било непријатно да гласаат ако ја знаеле вистината, Зоран Заев со кајчиња и лопатки, до проблеми во бракот се обидува на секој начин да ги натера граѓаните да излезеле на референдумот, а не да бојкотираат

Промената на името е единствениот резултат кој може да произлезе од гласањето на референдумот за договорот од Преспа. Од Европска Македонија, како што сакаат да пропагираат, нема ниту Е уште помалку Македонија како членка на ЕУ.

Тоа впрочем минатата недела го соопшти и Словенскиот претседател Борут Пахор, кој ја прекори Унијата дека дава лажна надеж и ги лаже Македонците дека ќе им даде членство. Претходно, Франција и Холандија се противеа на членството на Македонија во ЕУ.

Но, што е тука е. Има и луѓе кои веруваат на билборди, и на приказните за брачните потешкотии на Заев, пишува Инфомакс. Еве на што мислат:

loading...