Цацко: Кога ќе влеземе во Европа, калта ќе стане плодно земјиште (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Со години, во времиња кога сатирата се сметаше за облик на отпор кон неправедната власт и за храброст, Македонија ги имаше „К-15“ како свои јунаци. Кога не сакавме да кажеме дека самите сме виновни за состојбата во која се наоѓаме, или дека сме слепи пред неправдите што ги чинат оние на кои на избори сме им дале доверба, се шегувавме на своја сметка, велејќи „сега Цацко (ли) ни е крив“. Во таа фраза, Цацко беше невиниот и наивниот, жртвеното јагне (обичниот граѓанин), кој секогаш го извлекуваше подебелиот крај. Денес (вистинскиот) Цацко е владин службеник.

И не само што зема државна плата како дел на Министерството на вистината туку денес популарниот Бубо Каров е дел и на „платена јавна пропаганда“, како што стои на телевизиските пораки со кои се убедуваат граѓаните дека треба да гласаат „за“ на референдумот. На јавната сцена дефилираат толку многу луѓе, кои за мнозина се непријатни изненадувања и разочарувања, но овој лик го издвојувам поради симболичката вредност што ја имаше и како најилустративен пример за степенот на моралната, јавната и политичката корупција. Тоа што на трибина премиерот Заев (на начин што е вицкаст толку за да прилега на спот на некогашните „К-15“) повикува на отворена корупција и купување гласови на граѓаните е помалку тажно, бидејќи за власта секогаш и сме знаеле дека корумпира. Апсолутната власт корумпира апсолутно, а оваа можеби не е апсолутна (засега), ама е дрска, бескрупулозна и бесрамна. Моралниот пад на Цацко е нераскинливо поврзан со начинот на владеење, со клиентелизмот, кронизмот и непотизмот што виреат со години. Единствената разлика е што тој досега претставуваше симбол на отпор, макар и преку хумор, а сега и тој ореол е симнат, напиша професорката Ванковска во својата скорешна колумна „Продадени души“.

Во контекст на ова, мало потсетување на времето кога Цацко агитираше за Европа и ги деконцентрираше македонските овци. Сите евентуални сличности со учеството на Бубо Каров во кампањата „ЗА европска Македонија“ во денешницата се негова заслуга. Сами споредете во видеата во продолжение:

 

 

loading...