Мендух Тачи: Не сакам никого да исплашам, но без НАТО ова може да заврши со војна

АКЦИЈА
loading...

-Ова е сериозно прашање, не е прашање на карти. Јас никого не сакам да исплашам, ниту еден граѓанин, но имам морална обврска да ја кажам вистината. Прашањето на интегрирањето на Македонија во НАТО, е прашање од исклучителна важност.

Јас имам политичко разбирање за хистеричното политичко однесување, кога едниот на другиот му вели предавник. Но оваа работа може да заврши со војна. И апелирам до сите лидери без разлика на кои политички кампови припаѓаат, оваа е демократија, да им ја кажат вистината на својот народ. Она што се случува без престан во Украина, е директно рефлектирање на судирот на геостратешките интереси. И ние овде во ниту еден момент не треба да ги лажеме нашите граѓани. Тоа што македонија е мултиетничка, уште повеќе ја комплицијара ситуацијата, рече Тачи.

Тачи посочи дека е исклучително внимателен со оваа негова изјава за да не биде сватено како провокација тоа што тој го зборува.

-И ова е исклучително важно за да не бидиме цинични. Јас сум многу внимателен, за ова да не се сфати како провокација, но ова се апелите кои треба да ги слушне и македонскиот народ, изјави Мендух Тачи.

Инфомакс

loading...