„Конечно ја наоѓам денес докторкава, а она ми вика – Почекај, ме деконцентрира казанчето од веце”

АКЦИЈА
loading...

Фејсбук статус на новинарката Јорданка Ивановска – Јоци

СЦЕНА 1

Одиш во болница ,,8.Септември”, читаш на табела Физикална терапија, 3 кат. Чекаш лифт. Доаѓа лифт, копчето за 3 кат не работи. Стасуваш до втори, одиш пеш до трети. Таму ти кажуваат дека одделот е одамна преселен одзади зградата, оддалечен едно 500 метри.

Таблата со погрешни податоци немало кој да ја замени.

СЦЕНА 2

По ова, го наоѓаме објектот, чекаме со мајка ми во ходникот на Физикална на ,,Мој термин”. Некоја докторка Емилија Гркова Мишковска-физијатар, која во моментот ја нема. По 20 минути конечно доаѓа, но амбулантата е зафатена со друга докторка. Влегува пациент пред нас, ,,мој термин” се оддолжи и стасавме на ред по половина час чекање. Пошто имаме време на претек да чекаме некоја да се најаде, напие, да се одмори од јадењето.

За тоа време, во ходникот мајка ми, бивша стоматолошка сестра, ги брои сите кои со кафињата излегуваат надвор. Еден, двајца, тројца…стасавме до 8 души, лекари и сестри, надвор, кои, си гувеат во исто време. Лабавко, муабет, цигарче, кафенце..14 часот.

‘Ваа Емилија, на мајка ми и` дава вежби-пет дена вежбање раце, пет дена вежбање нозе. Засебно.

СЦЕНА 3

Оди мајка ми на вежби, вчера. Физиотерапевтите и` даваат вежби и за раце, нозе, комбинирано. Таа им кажува дека не може во исто време да прави такви вежби, тие и’ велат дека докторката така запишала. Односно, не запишала она кое ни го кажа на нас и кое и` одговара на дијагнозата на мајка ми.
По половина час и` паѓа тешко од вежбите.

СЦЕНА 4

Ја наоѓам денеска несреќава Емилија. Почнувам да и` објаснувам, ми вели-,,почекај, ме деконцентрира казанчето од веце”. На женава толку и` фали за да се деконцентрира во животов-казанче.

А, работи на место каде одлучува за живот на пациенти.

Нејсе. Незаинтересирана, инертна, арогантна да го реши проблемот и да си ја признае грешката, 10 минути, се правеше дека не може да се сети што запишала. Како мајка ми да е најнебитната личност за неа на светов, па шокур е битно дали ќе се укочи.

Еве, пошто нема меморија, јавно ја потсетувам сосе директорон, на Заев другар му-да си воведат ред во овој оддел каде е калакурница. И на женава да и’ објаснат дека ако не и’ се работи, не е концентрирана, нека растовара камиони, за промена. Можеби ќе се пронајде себеси.

Пошо ја ако земам да воведувам ред, секој ден по 10 човечки прикаски ќе раскажувам од оваа болница , минимум. А, богами ги има.

П.С. За разлика од овие дембеливе, во Ургентен центар луѓено-гинат. Секоја чест.

loading...