Кочоски: Заминувањето на лекарите ќе биде разочарувачко за македонскиот народ (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Либертас

Освен ИТ инженерите, уште една професија што се соочува со дилемата да остане или да замине, да се работи овде или да се фатат европските патишта се лекарите. Не е само една причина за овој општ впечаток на јавноста. Фелата цело време алармира на реалните проблеми во здравството, вели д-р Божидар Кочоски од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти.

-Можеме да бидеме и мудри, за разлика од останатите и да ги следиме процесите кои се случуваа во соседството, Бугарија, Романија, Хрватска. Реално, миграцијата е голем проблем, миграцијата на лекарите е проблем кој се случува и во побогатите земји. Македонија не е одмината, за жал, но ефектите присутни во ова општество ќе бидат разочарувачки за целокупниот македонски народ, според нашите очекувања и предвидувања за тој процес, вели тој.

По ветувањата и високите очекувања за плата од 1000 евра, покачувањето од 5% е далеку од соодветно, смета тој и додава дека девалвацијата на лекарите која се случуваше во изминатите неколку години го наруши односот меѓу лекарот и пациентот, а фрустрациите кај лекарите биле создадени намерно и политички.

-Само во систем насочен кон пациентот и лекарите му помагаат него е клучот со којшто ќе го зголемиме и задоволството на пациентите и задоволството на лекарите, вели Кочоски и додава дека сме премногу сиромашна земја за да можеме да губиме каков било кадар во кој било инвестирано и бил наменет за овој народ.

Погледнете го разговорот во видеото.

loading...