Хан: Се надевам дека во иднина ќе ви се обраќам со Северна Македонија

АКЦИЈА
loading...

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со еврокомесарот Јоханес Хан, кој даде поддршка за референдумот. Хан порача дека му пречи кратенката ПЈРМ и верува дека на следната средба ќе ни се обраќа со Северна Македонија.

– Ова е ретко на решавање на долготрајни конфликти. Важно е да се осигура дека граѓаните можат да донесат информирани одлуки. Се работи за одлука која треба независно да ја донесат граѓаните, а нивната одлука ќе биде важна за стабилноста во регионот. Не ми се допаѓа кратенката ПЈРМ, и се надевам дека во иднина ќе ви се обраќам со Северна Македонија. Само вие ќе одлучите за можноста и немате време за губење, истакна Хан.

Република.мк

loading...