Гиш за „Независен“: Како секој нормален човек, иднината на Македонија ја гледам во Европа

АКЦИЈА

Објавено на Независен.мк

– Соочен со избор, самиот правиш избори, вели македонскиот поет и естраден уметник Сашо Гигов-Гиш кој деновиве е топ-тема на социјалните мрежи откако на „Јутјуб“ беше промовирана наменската песна за поддршка на референдумот во која и тој учествува. Познатиот уметник кој учествуваше во речиси сите поголеми кампањи на претходната владејачка гарнитура сега прифати да пее за европска Македонија.

– Ми се јави мојот драг пријател, пејачот Арбен – Бени Шаќири и ме праша дали сакам да учествувам во спотот. Ми ја пушти песната. Ми се допадна и прифатив. Како секој нормален човек, иднината на Македонија ја гледам во Европа. Нема никаква политичка заднина, туку во прашање е здравиот разум. Тоа е мојот личен избор и перцепција, ни изјави Гиш.

Неговото бомбастично враќање на сцената беше проследено и со нов имиџ, скратена коса и наместо брада, мустаќи.

-По десет години се избричив и се ишишав. Едноставно ми се стемни, па ја направив промената за да ми се раздени, на шега го коментираше Гиш својот нов изглед.

Во музичкиот спот каде што повеќе македонски пејачи и актери порачуваат дека е време за мудар избор, покрај Гиш партиципираше и Владо Јаневски, кој исто така претходно беше редовен избор на ВМРО-ДПМНЕ за нивните собири. Во проектот се вклучени и: сестрите Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска, Бени Шаќири, Златко Ориѓански, Виолета Томовска, Ѓоко Танески, поранешниот директор на МНТ, Драган Спасов-Дац, Дани, Викторија Лоба, Бубо Каров, Дарио, Кристина Арнаудова, Александар Митевски…

(Дополнето од Букефал) Песната, сепак, како што може да се види од бројот на лајкови и дислајкови под видеото на Јутјуб, не наиде на добар прием кај публиката. Во моментов има само 253 лајкови, и дури над 1.700 дислајкови.

 

loading...