Синот на Локвенец лапнал државна стипендија скоро тројно поголема од таа за ќерка му на Димитров

АКЦИЈА
loading...

После ќерката на Никола Димитров која доби стипендија вредна 40 илјади евра, помеѓу ,,среќните” добитници на државна стипендија се најде и синот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Имено Таки Локвенец, син на пратеникот на СДСМ добил неверојатна стипендија од 113 илјади американски долари. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека додека таткото Хари Локвенец од патни трошоци зема илјадници евра како пратеник, а неговиот син ќе студира во Англија на грбот на македонскиот народ со стипендија од фантастични 113 илјади долари, пишува порталот Инфомакс.

Да се потсетиме дека грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации доби печатницата „Гинис“ од Прилепна во која ко-сопственик е Хари Локвенец, пратеник на СДСМ. Парите им беа доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст.

loading...