Интервју со Орце Камчев: Сме немале похрабар лидер од премиерот Заев, јас лично би потпишал ист договор со Грција

АКЦИЈА
loading...

„Тоа е мојот став, не дека нема друга опција, туку таа е единствената опција во која јас верувам. Јас лично ќе се залагам да пројде тој референдум. Тоа се вредности во кои јас верувам и преку кои и државата и сите ние ќе добиеме десеткратно повеќе придобивки од она што го имаме денеска.“, вели најбогатиот човек во Македонија, според Форбс, во интервјуто за Фактор.мк. Во продолжение пренесуваме извадоци од интервјуто.

Р.Ф. – Што Ве мотивира да работите?

КАМЧЕВ: Сакам да живеам во успешна држава, каде што ќе има среќни луѓе, затоа континуирано ја надоградувам комплетно нашата компанија, инвестирам во сите сектори и се обидувам тоа да биде според модел кој ќе биде поразличен од стереотипите во приватизираните компании, каде голем од нив пропаднаа, со чест на исклучоците каде како посебно позитивен пример би го истакнал Алкалоид. Мојот успех се гледа . Направив гринфилд приказна од една успешна болница. Го имам најмоќниот партнер во регионот , втората светска групација како партнер. Сите пари кои што се заработени од сите трансакции се реинвестирани во РМ во различни сектори , имаме инвестиции и во странство со истите тие партнери и тоа ме прави среќен и тоа сакам да биде мојот живот и животот на моите деца. Сакам да живееме во една стабилна и европска земја, во која младите ќе имаат перспектива и ќе сакаат да живеат во неа, а не како денеска сите да бегаат од истата.

Р.Ф. – Важите за човек што има извонреден претприемачки дух и знае да се прилагоди на општествено-политички промени. Кога одлучувате за драстични промени дали се водите од лични причини или од тоа што е подобро за бизнисите?

КАМЧЕВ: Ги почитувам исклучиво бизнис принципите. Јас сум бизнисмен и добро знам лично кој сум и што сум, важно ми е бизнисот да биде секогаш во рамките на законските регулативи и да биде почитуван и од општеството, и од Владата и од сите што функционираат во тој систем. Бизнис заедницата е партнер со Владата, а јас ви кажав пред малку дека само 32 милиони евра се исплатени лични доходи на луѓето кои што работат во Македонија и тие пари се внесени во Македонија. Плус по основ на придонеси, на ДДВ, на царини и слично и уште 10 милиони евра пари кои што моите бизниси ги влеале во буџетот на РМ и нормално е секогаш на прво место да ми биде бизнисот. Јас приватно знам кој сум , што сум, кои ми се пријатели и тоа е дел од мојот живот кои исто така грижливо го негувам.

Р.Ф. – Дали договорот со Грција, референдумот и промената на уставното име се важни за бизнисот и за општественото живеење? Дали тоа ќе ги промени условите за живот во Македонија и како ќе влијае?

КАМЧЕВ: Изгубивме премногу време последниве 27 години со историски глупости, со митови и легенди кои ни создадоа проблеми не само со сите наши комшии но и со самите нас, во нашата држава. Неможноста да се реши спорот со Грција не извади од шансата да бидеме веќе одамна и во Нато и во ЕУ и поверувјте ми Македонија немаше да биде во таа ситуација во која сме денеска ни економски ни политички. Затоа, Јасно и гласно ќе го кажам мојот став , мислам дека ниту ќе имаме подобра шанса, ниту дека сме имале похрабар лидер од премиерот Заев. Јас лично сум ЗА договорот со Грција, како и бев ЗА Договорот со Бугарија.Јас сум европски и светски човек и сакам Македонија да биде дел од таа структура. Сакам да живеам во Република Македонија различна од таа што е денеска, сакам да бидеме членка на НАТО и ќе направам се што е во моја можност…

… Тоа се вредности во кои сите ние ќе добиеме десет пати повеќе придобивки од она што го имаме денеска. Се тоа не го кажувам само јас, ниту само Заев, тоа ни го кажа целиот свет! Светски лидери како Меркел, Курц и Могерини кои дури дојдоа на крај кај нас, Државниот департамент, дури и Русија го поздрави договорот иако на некои им се сака да е е така.

Со влезот во новото друштво ќе бидеме приморани да почнеме да размислуваме и функционираме европски. Правилата на игра ќе бидат јасно дефинирани, нема злоупотреба на работници, се знае кога е годишен одмор, се знае кога е време за јадење, што е превоз, како и кога се користи заштитна униформа. Се знаат стандарди по кои мора да фунцкионираат сите компании, а не како досега. Тоа ќе не научат и сум сигурен во тоа. Тоа е мојот став, не дека нема друга опција, туку таа е единствената опција во која јас верувам. Јас лично ќе се залагам да пројде тој референдум. Тоа се вредности во кои јас верувам и преку кои и државата и сите ние ќе добиеме десеткратно повеќе придобивки од она што го имаме денеска.

Р.Ф. – Имате бизниси, меѓу другото и во Бугарија – членка на Европската Унија. Зошто одлучивте да инвестирате таму и како се води бизнис со таа земја членка на Унијата? Од бизнис аспект одат ли таму работите на подобро по нивниот прием во ЕУ?

КАМЧЕВ: За мене Бугарија е најубавата и најблиска земја и народ од сите овие локални наши земји. Видете сега се што има Бугарија која што е членка на Европска унија. Незнам колку нови тунели, железници , инфраструктура, патиштата се прават … а ние денеска сме последна земја од Европската унија. Бојко Борисов и Зоран Заев имаа храброста да го решат брзо вештачкото неразбирање што го имавме од повеќе од деценија и го потпишаа минатата година договорот за Пријателство. Тоа беше клучно и ни даде шанса да направиме компромис и со Грција. Затоа мора да имаме успешен референдум , ако не се решиме денеска, утре нема да не биде, и тоа треба да им стане јасно на сите.

ЗА ФОРБС, ЗА СЕМЕЈНИТЕ ФИРМИ, ЗА БЛИСКОСТА СО САШО МИЈАЛКОВ, ЗА ВОДЕЊЕТО БИЗНИС ВО БУГАРИЈА, ВО ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ НА ФАКТОР.МК

loading...