Доналд Туск научи македонски и сака да ви ја каже неговата животна лекција (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на својот Твитер профил објави видео во кое што на македонски јазик ги повикува граѓаните на Македонија да ја искористат можноста и да гласаат на референдумот на 30 септември.

– Во животот многу ретко добиваме можност да ја смениме својата судбина. Уште поретко можеме да ја смениме судбината на една цела нација. Тоа е моето лично искуство како Полјак. Геополитиката со децении не ни даваше никаква шанса. Но, пред 30-тина години ни се укажа можност. И покрај верувањата на многумина дека невозможно е нешто да се смени, ги мобилизиравме своите пријатели и семејства и гласавме за таа промена. Денес Полска ги користи неограничените можности што ги нуди Европската Унија. Немаше да ви зборувам за ова денес ако не верував дека и вие можете да успеете. Мојата животна поука е едноставна: Никогаш не пропуштајте добра шанса кога ќе ве повикаат да гласате – вели Туск.

loading...