Во вторник ќе се потпише декларација за признавање на возачките во Германија

АКЦИЈА
loading...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на социјалната мрежа Фејзбук објави дека во вторник ќе биде потпишана декларација со која ќе бидат признати возачките дозволи во Германија.

Единствен услов за македонските граѓани е да имаат законски престој на германска територија најмалку 185 дена во годината.

Од осамостојувањето на земјата до денес, македонските државјани во Германија имаат право да управуваат со моторно возило од „Б“ категорија само во првите шест месеци од престојот, а потоа мораат одново да полагаат. Главна причина за тоа е оценката на германските власти дека квалитетот на обуката и испитот за возачи во Македонија не е на доволно високо ниво. Затоа од македонските власти се бараше да ги усогласат своите закони со директивите на ЕУ.

loading...