Мамо, моите другари си купуваат хамбургери, и јас сакам…

АКЦИЈА
loading...

Колку пари треба да носат децата со себе на училиште или дали воопшто треба да имаат со себе ако им е организирана исхраната? Дали мали дечиња знаат да си го организираат буџетот или парите дадени од родителите ги трошат за купување нездрава храна и, како што велат наставници, на глупости.

Родители и учители се жалат дека има дечиња што носат непотребно многу пари со себе. И покрај препораките од училиштата, родителите упорно им даваат. Има деца што носат и по 500 денари.

Не станува збор за парите, туку на што ги троши

– Во училиштето каде што се школува моето дете, првачиња веќе неколку месеци носат пари со себе. Купуваат сладоледи, пици… И покрај тоа што наставничката веднаш реагираше за овој проблем и нè замоли да не им даваме пари за на училиште, за жал, дел од родителите не го испочитуваа тоа. Крајно сум револтирана од нивниот однос. Прво, ги ставаат во ситуација да може да бидат загрозени. Детето излегува од школскиот двор за да купува, може да биде нападнато од поголеми, парите може да ги изгуби или да му ги украдат… Сето тоа го гледаат и деца што не можат да си го дозволат истото, како и дечиња што се алергични на одредени намирници. А малечки се, гледаат, сакаат и тие. Сакаме децата да ги почитуваат наставниците, но, за жал, родителите се тие што не ги почитуваат основните правила – вели Маја, мајка на првоодделенче од Скопје.

Татко вели дека неговиот син, ученик во четврто одделение, барал пари на заем од наставничката.
– Јаделе хамбургери и немал доволно пари. Дете ко дете, му се пријало и побарал од наставничката. Не станува збор за сумата или затоа што побарало. Јадат глупости, нездрава храна. Ајде да речеме не јадат од организирана исхрана или не им се допаѓа, ама може од дома да носат. Во ред е да има пари детето со себе, но зарем не треба прво да ги научиме да ги организираат, да знаат на што ќе ги потрошат – вели тој.

Не треба „дај му 100 денари и нека јаде што сака“

Психологот Мирјана Стојановска-Јовановска смета дека секој треба да има свој удел во решавањето на оваа состојба. Прво училиштата, предлага, да прават договор со родителите за тоа што е дозволено, а што не е.

loading...