Tавче гравче на тетовски начин

АКЦИЈА
loading...

Тавче гравче е традиционално македонско јадење, храна која е дел од секое македонско семејство.

Состојки за 6 лица:

1 кг тетовски грав
500 г кромид
1 стебло праз
2-3 чешниња лук
100 мл масло или маст
2 лажици брашно
1 лажица мелена црвена пиперка
половина лажива лута мелена пиперка
1 ловоров лист
5-6 ливчиња свежо нане
1 лажица ситно исечкан магдонос
1 двеж домат
2-3 свежи пиперкипо вкус зачини, сол, бибер, сув зачин

Подготовка:

Измијте го гравот и потопете го да отстои една ноќ. Сварете го, но мора да внимавате зрната грав да остант цели. Исцедете ги од вода, но оставете малку вода со гравот. Во подлабоко тенџере сипете масло, загрејте и додадете го ситно исечканите кромид и праз и пржете на тивка температура се додека целосно не омекнат.

Во омекнатиот кромид додадете го ловоровиот лист, црвената мелена пиперка, брашното, солта, биберот, сувиот зачин и се добро измешајте со испржениот кромид и праз, и на крај додадете го ситчно исечканиот лук и сварениот грав со водата и се добро измешајте. Пробајте дали е потребно уште сол. Сипете го приготвениот грав во глинен сад. Посипете го ситно исечканото нане и магдонос.

Преку ставете домат исечкен на кругчиња, пиперките исечете ги на половина и исчистете ги од семки.

Печката во претходна загреана рерна на 185 Целзуисови степени околу 30 до 45 минути. Кога ќе се создаде кожичка на горниот слој и полека крчка, гравчето е готово.

loading...