Инфомакс: Судијката Гошева предлага Уставниот суд да изрече времена мерка стопирање на сите активности за референдумот

АКЦИЈА
loading...

Судијката Елена Гошева предлага Уставниот суд да изрече времена мерка – стопирање на сите активности за одржување и спроведување на референдумот, дознава „Макфакс“ од извори во судот. Според истите извори, Гошева е судија известител за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување референдум и таа во изготвениот реферат предлага Судот да поведе постапка.

Седницата на која ќе се разгледува оваа иницијатива е закажана за в среда.

До судот се стигнати две иницијативи, едната од Левица, а другата од Светски македонски конгрес.

Партијата Левица поднесе иницијатива во која смета дека распишувањето на референдумот е спротивно на Уставот. Според Левица, Одлуката за референдумот е противуставна и спротивна на Законот за референдум бидејќи, овој документ ги нема сите делови што треба да ги има, се работи за манипулативно и повеќезначно прашање и трето, дека референдумот се однесува и на сојузништвото со Европската унија што подлежи под други правила за одлучување.

loading...