Ефтов: Полека влегуваме во фазата капитулација

АКЦИЈА
loading...

Полека влегуваме во фазата капитулација на Шекеринска и Заев – напиша Васко Ефтов на својот Фејсбук профил по повод синоќешниот телевизиски дуел на Радмила Шекеринска и Александар Николоски, на кој Шекеринска беше целосно исфрлена од рамнотежа и поразена од фактите и тезите кои ги изнесе Николоски, бранејќи ги позициите на ВМРО ДПМНЕ.

„Да, ова беше втор нивни телевизиски дуел во последните три месеци. На МТВ и сега на Алсат. Двете позиции во дебатата беа јасно дефинирани. Шекеринска: ВМРО сака да не успее референдумот за да може да се пазари за амнестија на старото раководство. Николовски: СДСМ прифати капитулација, а ВМРО нема да учествува во легализацијата на капитулацијата. Тоа се двата поттекста на вечерашниот дуел и на целата референдумска кампања.

СДСМ сака да дебатира за владеењето на Груевски (затоа референдумската кампања ја гарнираат со судењата на 27 апсил и со судењата поврзани со бомбите). ВМРО сака да дебатира за штетниот договор со Грција.

Вечерашната дебата покажа што го чека СДСМ во наредните години: Обвинувања кои се’ потешко ќе се бранат – дека прифатиле национална капитулација на Македонија. Тоа значи дека по фазата транзицијата на Бранко, антиквизацијата на Груевски, ние полека влегуваме во фазата, капитулацијата на Заев и Шеќеринска. Тоа тешко се брани. Затоа Шекеринска помина толку лошо во дебатата. Дури во последните 15 минути беше тотално исфрлена од рамнитежа“, напиша Ефтов во коментар на Фејсбук.

Eftov-FB-Sekerinska-vs-Nikoloski

 

loading...