Среде септември доаѓа температурен шок

АКЦИЈА
loading...

Во Европа летото не заврши.

Прогнозата на Severe Weather Europe, покажува дека следната недела Европа ќе биде погодена од нов топлотен удар со температури за 8-10 степени над просечните за овој период од годината.

Како што пишува веб-страницата, средномерните модели предвидуваат нови топлотни удари што наредната недела ќе зафатат голем дел од Европа.

Во Германија и земјите на Бенелукс температурата ќе се искачи и до 30 степени. Над 30 степени температури ќе има и во Италија, Унгарија и Франција.

Но, и Хрватска и Србија ќе се соочат со температури над 30 Целзиусови степени. Ќе биде топло и во Македонија.

Ова лето имаше навистина високи температури дури и во Скандинавија.

loading...