ОБСЕ: Објавената анкета е лажна вест

АКЦИЈА

Мисијата на ОБСЕ во Скопје тврди дека анкетата која ја објави порталот ОхридСкај, со тврдење дека е спроведена од страна на оваа организација, е лажна вест и дека таква анкета не постои.

Според анкетата, излезноста на референдумот би била околу 32,3% или „катастрофално лоша“.

„Мисијата на ОБСЕ во Скопје е запознаена со неодамнешните написи во медиумите во кои се тврди дека ОБСЕ спровела анкета за претстојниот референдум. Мисијата нема спроведено таква анкета. Сите наводи кои го тврдат спротивното се неточни и не ја одразуваат работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје“, пишува во демантот.

loading...