На Орбан по гласањето во Европскиот парламент популарноста му порасна до плафон

АКЦИЈА

Гласањето на Европскиот парламент со кое се казнува Унгарија поради наводното игнорирање на демократските стандарди му оди во корист на Виктор Орбан, кој пред претстојните европски избори се позиционираше како лидер на националниот суверенитет пред бриселската елита.

Неговиот карактеристичен жесток настап пред европските парламентарци влијаеше врз порастот на популарноста на Орбан меѓу домашните националисти и кај антиемигрантските партии, за кои се очекува да го зголемат своето присуство во идниот состав на Европскиот парламент.

Покрај Чешка и Полска, како регионални сојузнички кои се обидуваат да ја заштитат Унгарија од санкциите на ЕУ, изгледа дека ризикувањето на Орбан се исплати иако неговата партија Фидес можеби ќе мора да излезе од конзервативната Европска народна партија, во моментов најгоелмата групација во ЕП.

Во досега невидениот потег во средата две третини од пратениците на Европскиот парламент изгласаа санкции против Унгарија, истакнувајќи ја загриженоста поради Орбановиот притисок врз судството, медиумите и невладините групи и неговото одбивање да прифати емигранти.

Активирањето на членот 7 од Договорот за ЕУ теоретски може да доведе до одземањето на правото на глас во Советот на ЕУ, но иако во ЕП извештајот беше изгласан со двотретинско мнозинство, одземањето на правото на глас на Унгарија мора да биде едногласно, односно да го поддржат сите земји членки.

Во обраќањето во Европскиот парламент во вторникот, Орбан кажа дека ги одбива „уцените, клеветите и невистините обвинувања, кои против Унгарија и унгарскиот народ ги упатуваат проемигрантските и проемиграциските сили во Европскиот парламент.

loading...