Михајловски се огласи за филмот “Ругање со Христа”

АКЦИЈА

Легендарниот македонски актер Тони Михајловски реагираше на забраната на филмот ,,Ругање со Христа”. Тој констатираше дека дa забраниш филм врз основа на изгледан трејлер за него, само докажува какви дилетанти ја уништуваат културата во Македонија.

-Да забраниш филм врз основа на изгледан трејлер за него, само докажува какви дилетанти ја черечат културата кај нас.

Инаку, филмот на Јани Бојаџи се закити со награда за иновативност на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, Канада.

Филмот ја имаше својата светска премиера на 30 август во Монтреал, а вчера на свеченото затворање на фестивалот му беше доделена наградата.

loading...