Еден посебен доручек

АКЦИЈА
loading...

Славниот Tasty не развесели со уште едно генијално видео со рецепт за доручек кој им се допадна на милиони интернет корисници ширум светот. Видеото го прегледаа над 50 милиони луѓе, а на друштвените мрежи го имаат споделено околу половина милион.

Што ви е потребно?

Шунка

Кашкавал

Леб

Постапка

Кашкавалот по желба исечете го на ленти.

Од секое парче леб, извадете ја корката, да ви остане само мека и четвртаста средина.

Секое парче средина поминете го со сукало неколку пати.

На секое парче додадете по едно или две парчиња чунка и лента сирење и замотајте го.

Во тавче загрејте малку масло и пропржете ги, додека лебот не добие златна боја.

Додаток со стапчињата:

Доколку сакате вкусен додаток со стапчињата, варете јајца 5 минути, уфрлете ги 30 секунди во сад со мраз, отстранете го горниот дел на јајцето со нож за да ви остане жолчката во течна состојба, која ќе биде вашиот додаток.

Добар апетит.

loading...