Газдата кој има месечна награда од 5.000 евра од својата фирма

АКЦИЈА
loading...

Миле Атанасов, сопственик на 90 отсто од акциите на штипската компанија „Макпромет“ на последното акционерско собрание изгласа одлука да добива 5.000 евра месечна награда од неговата фирма

Најголемиот акционер на штипски „Макпромет“, Миле Атанасов кој воедно е и претседател на Одборот на директори и негов неизвршен член ќе добива месечна награда од 5.000 евра од својата компанија. Ова е една од одлуките од последното акционерско собрание. „Макпромет“ и Атанасов се пример за транспарентност во работењето и објавувањето на своите одлуки кои се однесуваат на наградување на акционери и на менаџери на компании. За жал и по 20 години од македонската приватизација платите и наградите на главните менаџери кои често пати се и најголеми акционери се табу тема на македонската економија во сегментот на корпоративното управување. За жал досега на прсти се бројат менаџерите и акционерите кои транспарентно ги објавиваат своите плати или награди од компаниите кои ги поседуваат и управуваат.

„Макпромет“ е компанија што идната година ќе прослави 40 години постоење. Таа во својот состав има четири друштва кои се занимаваат со производство на кондиторски производи, производство на леб и бели пецива, графичка индустрија и трговија. Еден од најпознатите брендови на „Макпромет“ се мастиките за џвакање „Чунга лунга“.

Во состав на „Макпромет“ работат две друштва: „Европа“ и „Илинден“ (двете се ДООЕЛ-и основани од „Макпромет“ и тие заедно со „Макпромет“ лани имаат остварено добивка по оданочување во вкупен износ од 174.000 евра според податоците од консолидираната финансиска состојба. Трите правни лица имаат вкупен приход од 6 милиони евра.

ФАКТОР.МК

loading...