И ДПМНЕ тргна во референдумска кампања?

АКЦИЈА

Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев на средби со граѓани, во Виница и Кочани ги објаснува штетните последици од договорот со Грција.

Партијата на својот јутјуб канал веќе има и објавено видео во кое се потенциранипораките од лидерот Мицкоски по средбата на партиските тела во вторникот.

Меѓународната заедница во меѓувреме, од опозицијата бара по конкретен став во врска со референдумот.

Пораката до господинот Мицкоски беше иста како и во сите други мои средби, ставив јасно до знаење дека Америка ја гледа Македонија како многу вреден сојузник и пријател, ја цениме безбедносната соработка која ја имаме и економската. Го повикав да биде по јасен во неговиот став и ги охрабрувам Македонците да излезат и да гласаат

По средбите со високите меѓународни претставници, Федерика Могерини и Вес Мичел, лидерот на партијата Мицкоски порача дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ не се менува. Од пред седиштето на ЕУ во земјава повтори дека се за евроатлански интеграции, но се против договорот со Грција.

Партијата во недела најави и протестен марш во Штип, за како што се вели во соопштението, да се стави крај на криминалите и распродавањето на државните и национални интереси.

loading...