Димитров и Рот веслаа на Охридско езеро

АКЦИЈА

Шефот на македонскаат дипломатија Никола Димитров и германскиот државен министер за Европа го искористија слободното време во Охрид за прошетка и веслање низ езерото.
Фотографијата со кајаците Димитров ја објави на својот фејсбук-профил.

Рот денеска присуствува на дентата во Охрид насловена „Македонија на патот кон ЕУ“. Ова е негова втора посета на земјава во период од околу два месеци. Претходниот пат, германскиот државен министер беше во дводневна посета на Скопје – непосредно пред распишувањето на референдумот, односно во деновите кога се одржуваа лидерските средби за деблокада на ДИК.

Рот изјави денеска во Охрид дека договорот со Грција е уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и на НАТО за Македонија.

loading...