Обраќањето на премиерот Зоран Заев пред Европскиот парламент

АКЦИЈА
loading...

Пред пратениците во Стразбур пред малку се обрати премиерот Заев кој на почетокот се заблагодари за поканата и прво што кажа дека е прв кој се обраќа на македонски јазик од Европскиот парламент .

Премиерот истакна дека му е пријатно што е таму и се чувствува како да си е дома, во домот на Европското семејство.

„Народот на нашата земја е исправен пред историски предизвик, во текот на последните недели добивме голема поддршка од разни лидери кои ја посетија Македонија за да ја покажат поддршката за референдумот кога Македонскиот народ ќе одлучи за договорот од Преспа.

Тоа не е лесна одлука, ќе бидеме Северна Република Македонија, но со признаен јазик и идентитет.

Ова е најдобрата шанса што нашата земја ја добила и нема да ја пропуштиме, таа е наш билет за ЕУ и НАТО.

Приклучување кон европското семејство ќе значи поголема стабилност и просперитет дома“, истакна премиерот.

Заев од говорницата пред пратениците на ЕП им се заблагодари на колегите Борисов и Ципрас и повика да се следи моделот на договорот кој го постигнаа Скопје и Атина за да да се решат и други билатерални прашања во Западен Балкан.

„Референдумот има историски димензии за нас како земја, бидејќи слободата на нашата мала земја е загарантирана само како земја членка на НАТО и ЕУ и сите знаеме дека интеграциијата на земјите од Западен Балкан ќе донесе уште поголема стабилност во Европа. Нема силна европа без успешен Балкан-потенцираше Заев.

„Членството во ЕУ ќе донесе мнгу предности, кои ќе ни овозможат да ја зајакнеме економијата, која оди нагоре , стапките се зголемуваат, ќе имаме подобро здравство, образование, инфраструктура.

Знам дека од нас зависи, а ние ќе ја дадеме нашата лојалност, со вистинска страст за ЕУ, која за нас значи многу повеќе отколку само раст , ЕУ значи за нас да живееме во општество каде владее правото, има подобри судови и во кое правдата е еднаква за сите.

Уште кога имав 17 кога години сонував да бидеме дел од европското семејство, а сега 27 години подоцна шансата ја имаме во раце“- истакна Заев.

Премиерот посочи и дека верува оти референдумот ќе биде успешен и дека граѓаните ќе гласаат за Европа, а денешната покана да се обрати од ЕП Заев кажа дека е голема чест и значи силна поддршка.

Од европските пратеници премиерот пак доби возвратена силна поддршка .

loading...