Експрес.мк: Зошто „Шампионот на дебатите“ бега од дуел со Мицкоски?

АКЦИЈА
loading...

Што е тоа што го спречува премиерот Заев кој себе си се нарекува “шампионот на дебатите“ да избегнува ТВ дуел до лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Ако го слушате „шампионот“ Заев, тој има апсолутна контрола на ситуацијата. Според него Македонија блеска, економијата оди напред небаре сме Германија а на 30 септември граѓаните сигурно ќе излезат на гласање во огромен број на референдумот и ќе кажат „За“ за Европска Македонија.

Во исто време според реалната состојба Мицкоски е во тешка ситуација, само 250 дена по изборот за лидер, под бремето на јавниот имиџ на предходното раководство, под силен притисок од дел од меѓународната заедница, со спротивставени гледишта во неговата партија каде што еден потпретседател лобира одлука на највисоки тела на партијат, каде што заменик генерален секретар отворено ги повикува на гласање партиските членови да гласаат „За“ на референдумот.

Во секоја нормална земја и нормална политичка ситуација премиерот односно во нашава ситуација „шампионот“ Заев сам ќе бараше да се соочи пред јавноста со Мицкоски. За да ја цементира својата позиција која што нели е цврста како камен и притоа поддржана од најмоќната жена на светот ( Меркел), од генсекот на најмоќниот воен сојуз на светот (Столтенберг) од министерот на најсилната армија на светот ( Матис) и од други врвни светски личности.

Но сепак, Заев бега од дуел.

Која е причината за самонаречениот „шампион на дебатите“ да посегнува по стариот урнек што го користеше ВМРО – ДПМНЕ во текот на предходната влада, да бега од дебата со Мицкоски, е (не)јасно.

Целиот западен свет да ве поддржува, да ги имате сите аргументи на ваша страна како што тврди Заев а вие да се плашите од дебата со Мицкоски е феномен кој ги збунува сите. Освен тие што точно знаат што е проблемот.

А проблемот е лоциран во тоа се случуваше од 23 мај наваму во Македонија и пред се тоа што се случи на 23 мај кога за прв пат Заев и Мицкоски имаа ТВ дуел.

За сите скандали и владини гафови што се случија од тогаш до денеска јавноста знае доволно. Тоа впрочем се гледа и на анкетите на повеќе реномирани истражувачи кои покажуваат дека рејтингот на ВМРО – ДПМНЕ има постојан тренд на раст благодарение пред се на неспособноста и коруптивноста на власта но и на цврстата позиција на опозицијата за Преспанскиот договор и прашањето за името.

Целата статија на Експрес.мк

loading...