Доброволно „голтајќи апчиња“, скопјанец за неколку дена заработува една просечна плата

АКЦИЈА
loading...

Од колега разбрав дека во Институтот за фармакологија и токсикологија во клиничкиот центар во Скопје, доброволно можеш да се пријавиш како “експериментално глувче“ и добро да заработиш.

Врз триесетгодишниот скопјанец, три години се тестираат разни видови на лекови.

“Вработен сум во една приватан фирма, а во Институтот доаѓам на повик на лекарите. Во клиниката, зависно од лекот кој ми се дава, останувам и по три дена. Во секој случај овие пари ми се добродојден ”, раскажува нашиот соговорник.

Според него, месечно од овој бизнис може да се заработи и една просечна плата, во зависност од лекот.

„Откако ќе го испиете лекот, докторите ви ја следат здравствената состојба, постојано се мери притисокот, телесната температура. Изолирани сте од надворешниот свет, дозволено е дружба со другите луѓе кои исто така се дојдени за тестирање. Обично времето ни поминува играјќи некои друштвени игри. Досега од испитувањата ми се има јавено осип, вртоглавици и повраќање, но тоа е подносливо, објаснува скопјанецот, чиј идентитет согласно Законот нема да го откриеме.

Пред едно лице да биде ставено на оваа листа тој подлежи на ригорозни здравствени контроли. Само исклучиво здрави лица можат да бидат испитаници врз кои се аплицира лекот. За сите генерички лекови се прави студија на биоеквивалентност. Цел свет користи генерички лекови. Ново тестирање на лек врз истиот испитаник, како што објаснуваат докторите, може да се врши само ако поминале два месеци од претходното аплицирање на друг вид лек, велат од Институтот.

Зависно од лекот кој треба да се анализира различна е групата врз која треба да се аплицира истиот. Максимум групата треба да брои 70 испитаници, а долната граница не може да биде помала од 20 луѓе. Тие по давањето на лекот 24 или, пак, 48 часа се под постојан лекарски надзор и престојуваат во Институтот. Постојано се во придружба на медицинско лице дури и кога одат во тоалет. Засега како што тврдат лекарите не се регистрирани фатални нус појави од лекот што се тестира врз луѓето.

loading...