Народот останува ВМРО, ама без ДПМНЕ. „Бојкотирам“ останува единствен противник на „ЗА“

АКЦИЈА
loading...

„После вчерашната прес-конференција на Христијан Мицкоски, СЕ Е ЈАСНО!“, пишува професорката Тања Каракамишева на Фејсбук.

„Реченицата “секој граѓанин ДА ОДЛУЧИ (значи НЕ ДА ГЛАСА, туку ДА ОДЛУЧИ) според своето убедување, морал и совест… нашата татковина е пред крстопат, ова се судбоносни мигови за државата” кажа СЕ!

Јас велам, Македонци, пред вас имате ЛАЖНО ПРАШАЊЕ што има за цел да манипулира и да ве стави во забуна дека овој референдум е за членство во ЕУ и НАТО, а вистината е дека овој референдум е за НАШЕ КОМПЛЕТНО ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ КАКО НАРОД и за перење на рацете на СИТЕ ШТО СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО СЦЕНАРИОТО!

Македонците се паметен народ, Македонците ги видоа ГОЛЕМИТЕ ЛАГИ НА ЗАЕВ И ОДЛУЧИЈА-ОВА ПРАШАЊЕ НЕ ЗАСЛУЖУВА ОДГОВОР!

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!“, завршува таа.

Сепак, реакциите меѓу народот, кој очекуваше јасна и гласна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во бојкотот, се поделени. На социјалните мрежи почнаа да се вртат дури и вакви слики:

Суштината на критиките е доловена токму во еден од коментарите оставени под наведениот статус на Каракамишева.

„Професорке, народот (особено членството) го очекуваше магичниот збор БОЈКОТ.

Ако тој збор не го кажа лично Мицковски, тоа јавно и гласно треба да го напишат сите функционери во ВМРО-ДПМНЕ. Ако тоа не се направи, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е соучесник во промената на името. 

Информациите одат до таму, што дури функционерите нема да пишуваат јавно за БОЈКОТ. Тоа би значело дека структурата на партијата по вертикала нема да пружи никаков отпор на гнасната кампања на СДССМ.

Соучесништвото на ВМРО-ДПМНЕ се состои во непружењето на отпор.

Не е доволно само да слушаме од Мицковски, дека договорот е штетен. Тоа го знаеме. Суштината е што Мицковски прави за да го спречи донесувањето на тој штетен договор.

ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, досега веќе требаше да ги наполни плоштадите со народ за протести. А ВМРО-ДПМНЕ е толку млако и меко.“

Во контекст на ова (иако неповрзано со постот на Каракамишева), некој напиша и вака:

„После прес конференцијата е јасно: кампања „ПРОТИВ„ нема да има! #бојкотирам е единствениот одговор на „ЗА„ Тоа треба да им е јасно на сите! Вклучително и на меѓународната заедница. Сега #бојкотирам треба да мобилизира поголем број од Македонците и да покаже дека нема согласност со договорот и затоа истиот не може да се спроведе!“

Професорката Ванковска, пак, ситуацијата ја сумира вака:

„Без оглед што кажал или ме кажал Мицковски, некои прашања не заслужуваат излегување на референдум. ДПМНЕ нека калкулура, ВМРО мора да си ја исполни историската мисија: спречување на обезличувањето на Илинден и АСНОМ, заедно со 8 Септември! Сега сме сите Македонија, сите сме ВМРО без ДПМНЕ!“

loading...