На Тричковски не му се допаѓа „ЗА“-то на Црвенковски за референдумот

АКЦИЈА

Бранко Тричковски на Фејсбук

Ќе гласам “за”, не дека не сакам да гласам против, туку затоа што ако сите гласаме против ќе биде полошо отколку ако гласаме за.

Така некако резонира Бранко Црвенковски во својата прва објава по долготрајниот внатрешен политички егзил.
Не ми се допаѓа, не само негативната селекција што го довела до решението да гласа “за”, туку тонот на дистанцираното подјебавање и гардирање кој е тука првенствено за да пружи алиби за тоа што тој како прв човек на власта долги години не го решил проблемот.

Зошто не го решил!? Затоа што не сакал некој утре да му рече дека “договорот не е голема победа и успех” и дека неговото спроведување “ќе има негативни последици”. Со други зборови бившиот претседател и премиер дава да разбереме дека тој можел ваков договор каков што потпишал Заев да потпише уште пред сто години, но стремежот кон свршенството, односно кон договор кој ќе биде “голема победа и успех” и “нема да има негативни последици”, го спречил во тоа.

Можеме да имаме разбирање за ваквата позиција на Црвенковски денеска, но не и за политиката која во негово време не собра сили да се откаже од совршенствата и максималистичките, во суштина штетни за државата и за општеството, а комотни за лидерите ставови и да најде решение кое ќе ги отвори перспективите за Македонија врз реална основа.

Потенцирањето на негативните страни на договорот и на определбадта да гласа “за” не затоа што во таа определба гледа нешто добро туку затоа што е нужно, мене ми личи на полумицковштина, најлоша можна опортунистичка политичка формулација која сака да ја зашлака одговорноста за минатото, а да не се компромитира пред иднината.

Плус, сериозната доза омаловажување на тоа што екипата на Заев го оствари како – тоа, пак, јас можам да го потврдам – историски триумф на одговорната политика и на националната кауза.

Не дека не е лошо, ама нужно е да го прифатиме неговото изјаснување како, сепак, добро за општото добро.

loading...