Мицкоски: Амнестија на Груевски и Мијалков? Ќе одбијам

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 24 на прашањето дали ќе прифати амнестија за Никола Груевски и Сашо Мијалков, во замена за поддршка на референдумот, рече дека ќе одбие.

-Не знам на што би се однесувала таа амнестија. Но, ќе ви одговорам, ќе одбијам. Но, не знам за што би била таа амнестија, за никој од нив нема правосилна пресуда. Ние како ВМРО-ДПМНЕ и нашата анализа и анкети и водени разговори со граѓаните, донесеовме одлука на граѓаните да им понудиме одлука најдемократска на свет, сами да одлучат како да постапат на референудмот. Едногласно ЦК му даде легитимитет на овој став, рече Мицкоски.

loading...