Ципрас: Европа се соочува со егзистенцијална криза, може да се претвори во расцепкан континент

АКЦИЈА
loading...

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рекол денес дека Европа ќе се соочи со егзистенцијална криза поради национализмот, ако не го признае својот неуспех во решавањето на фискалната криза и ако на ефикасен начин не го реши проблемот со приливот на мигранти.

Тој во обраќањето до пратениците во Европскиот парламент рекол дека економските мерки за штедење во некои европски земји предизвикале страв и довеле до појава на расизам и зајакнување на десницата.

“Неуспехот на ЕУ да пружи демократски и ефикасни одговори на модерните предизвици ќе води неповратно во триумф на шофинизмот и ќе ги оживее нациоаналистичките судири”, рекол Ципрас.

Тој додал дека тоа Европа би ја претворило во расцепкан континент, без кохезија, без меѓународна иднина и без иднина.

Ципрас, исто така, го критикувал начинот на кој Европа се занимава со безбедноста, што им дало замав на десничарските партии.

Во неколку европски држави, вклучувајќи ги Франција и Белгија, последните години се регистрираат напади на исламски милитанти.

“Тоа што тука се доведува во прашање е егзистенцијата на Европа. Досегашните решавања на прашањата за финансиската, бегалската и безбедносната криза покажале огромна неефикасност и контрадикција”, рекол Ципрас.

loading...