Рускиот амбасадор во Србија: Косово мора да ѝ биде вратено на Србија

АКЦИЈА
loading...

Амбасадорот на Русија во Србија, Александар Чепурин, изјави дека Косово е српска земја и тоа мора да ѝ се врати на Србија.

Косово е српска лулка, српска земја и светост и треба да се врати во државни и правни рамки на Србија, во согласност со меѓународното право, изјавил Чепурин за весникот на Московскиот државен институт за меѓународни односи при МНР на Русија.

Тој направил споредба со Крим кој е ,,руска земја и го вративме назад“ -, рекол Чепурин.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изминатиот викенд престојуваше во посет ан српските заедници во Косово, што придонесе за бројни коментари. Министри во Владата на Србија изјавија дека Вучиќ бил во посета на покраината која е дел од Србија и дека тоа треба да им е јасно на сите.

Посетата на Вучиќ беше проследена со протести и затворање на некои патишта од страна на ветераните на ОВК.

Целата посета на Александар Вучиќ помина без значителни инциденти.

Извор: АКО.мк

loading...