Набљудувач на ОБСЕ: Никогаш немам видено поНЕДЕМОКРАТСКИ избори од овие во Шведска

АКЦИЈА
loading...

Макфакс

Откако шведските избори прв пат беа набљудувани од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), набљудувачите изразија шокираност од недемократскиот систем на нацијата, пренесува „Брејбарт“. Данскиот делегат Мајкл Аструп Јенсен, кој претходно ги следеше изборите во Русија и во Источна Европа, изјави за „Берлинске“:

„На ниедно од многуте изборни набљудувања на кои сум бил не сум видел ништо што е и ни близу недемократски како шведскиот систем на гласање”.

Јенсен, кој е портпарол за надворешна политика во данската владејачка Либерална партија, рече дека главниот проблем во шведскиот изборен систем е недостигот од приватност за граѓаните што гласаат. Одделни партии имаат одделни гласачки ливчиња во Шведска, а изборот се одвива јавно бидејќи избирачите мора да ги одберат своите гласачки ливчиња пред да ги стават во гласачка кутија.

„Ова ни оддалеку не наликува на европските изборни стандарди, или на нешто што би го дозволиле дури и во Источна Европа”, рече тој.

Јенсен , надвор од официјалните должности за набљудување, посетил неколку избирачки места во Малме за со свои очи да види како се одива гласањето, а пред гласачките места видел застанати голем број ‘партиски војници’ кои се обидувале да им дадат гласачки ливчиња на гласачите на нивните партии. Како претседател на данската делегацијаво Советот на Европа, организацијата одговорна за Европскиот суд за човекови права, Јенсен се надева дека ќе го привлече вниманието кон проблемите со шведскиот изборен систем.

„Ќе го потенцирам проблемот во Советот на Европа за да можеме да ги испратиме најсилните можни сигнали до Шведска дека треба да ги воведе правилата што се применуваат во Данска и практично во секоја друга земја во светот”, рече тој.

loading...