Или оставка, или нека се врати на нива или во планина, каде што му е местото

АКЦИЈА
loading...

Пишува Мартин Богатиновски за Слободен Печат

Оставка! Дали се слушаме?

„Мно­гу доб­ро зна­е­те де­ка по­ра­но ра­бо­тев во МВР и де­ка сè уш­те по­се­ду­вам моќ да ви ги прис­лу­шу­вам те­ле­фон­ски­те раз­го­вори“, им се за­ка­нил де­ми­р­хи­сар­ски­от гра­до­на­чал­ник Мар­јан­че Стоја­нов­ски на нас­тав­нич­ки­те и ос­та­на жив.

Ва­ка от­при­ли­ка би из­гле­дал вле­зот, по­че­то­кот на еден но­ви­нар­ски тек­ст што би го об­ја­вил не­кој но­ви­нар-са­ти­ри­чар од Техе­ран, на при­мер, ка­де што се­че­ње­то раце и но­зе на кри­ми­нал­ци и крад­ци прет­ста­ву­ва се­кој­дне­вие. Но, во ед­на ев­роп­ска и де­мок­рат­ска држа­ва как­ва што са­ка­ме да би­де на­ша­та ми­ла и на­па­те­на Ма­ке­до­нија, не би сме­е­ло ни­ту да се по­мис­ли та­ков лид, а не, пак, да се на­пи­ше без да го сод­ржи збо­рот „ос­тавка“.

А Мар­јан­че мо­же да збо­ру­ва што са­ка и кол­ку сака. Тој мо­же да ис­пра­ти ми­ли­он ки­ло­ме­тар­ски писма до јав­нос­та со цел да ги ин­фор­ми­ра гра­ѓа­ни­те де­ка сним­ка­та би­ла нап­ра­ве­на уш­те во ја­ну­а­ри го­ди­на­ва и де­ка тој де­мек не мис­лел на кла­сич­но сле­де­ње на ко­му­ни­ка­ци­и­те пре­ку сис­те­мот за прис­лу­шу­вање, ту­ку са­мо на она „еј имам неш­то да ти ка­жам“ ко­до­шење. Ако е така, то­гаш зош­то го спом­ну­ва МВР и зош­то се пер­чи со сво­ја­та по­ра­неш­на про­фе­сија?

Без раз­ли­ка на проб­ле­мот што нас­та­нал зи­моска и без ог­лед на про­во­ка­ци­ја­та по­ра­ди ко­ја Мар­јан­че ги изус­тил по­га­ни­те збо­рови, тој ка­ко прв чо­век на Де­мир Хи­сар и ка­ко тат­ко на гра­дот мо­ра да си ги сно­си по­след­иците. Тој тре­ба се­га фи­но да си ги со­бе­ре партал­чи­њата, слу­шал­чи­њата, мик­ро­фон­чи­њата, ка­мер­чи­ња­та и да си ги мон­ти­ра не­ка­де во пла­ни­на или на нива. Оти, со вак­во­то од­не­су­вање, са­мо за та­му е.

loading...