Со еден твит Трамп ќе го втурнел светот во нуклеарна војна, Пентагон ја спречил катастрофата

АКЦИЈА
loading...

МКД.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп бил спречен во последен момент да објави твит кој, според доверливи информации на Пентагон, можел да предизвика нуклеарна војна со Северна Кореја.

Според славниот новинар Боб Вудворд, кој тукушто ја издаде книгата „Страв: Трамп во Белата куќа“, американскиот претседател, за среќа, разговарал со раководството на Пентагон, со што била спречена катастрофа. Вудворд инцидентот го опишува како најопасниот момент во односите со Северна Кореја, пренесува Гардијан.

„Во неговиот нацрт твит пишувало: „Ќе ги повлечеме нашите луѓе од Јужна Кореја – членовите на семејствата од вкупно 28.000 луѓе“, кажа Вудворд во интервју за Си-би-ес, зборувајќи за семејствата на американските војници стационирани на Корејскиот полуостров.

Твитот никогаш не бил објавен бидејќи доверливи информации на Пентагон, добиени по тајни канали од Северна Кореја, потврдиле дека тие оваа порака би ја сфатиле како подготовка на САД за напад.

„Во тој момент се вклучи сериозен аларм во Пентагон: „Боже мој, еден твит и имаме сигурна информација дека Северна Кореја ќе го прочита како „непосреден напад““.

Во интервјуто Вудворд истакнал колку Трамп е опседнат од фактот дека САД издвојуваат 3,5 милијарди долари годишно за американските трупи стационирани во Јужна Кореја.

„Не знам зошто мора да бидат таму, сакам да ги извлечам од таму“, кажал Трамп на еден состанок, а набрзо потоа министерот за одбрана Џим Марис накратко му објаснил дека тие мора да бидат таму за да спречат Трета светска војна.

На прашањето од Си-би-ес да даде сопствен заклучок за целата ситуација, Вудворд јасно кажал: „Луѓе, разбудете се, свесни ли сте што се случува?“

loading...