Вака ги испраќаат македонските туристи на заминување од Грција

АКЦИЈА
loading...

Извор: МКД.мк

Македонците што биле на одмор на Халкидики деновиве на патот по кој се враќаат дома ги пречекува едно емотивно „довидување“.

На речиси секој втор надвозник на потегот од краците до Евзони оптегнати се пароли „Македонија е Грција“ (Macedonia is Greece), веројатно остаток од саботниот митинг во Солун, на кој стандардно се истакна дека „Македонија е грчка“.

Иако смисловно неточна (што знае грчки националист што е придавка), пораката на паролите веројатно е истата од митингот и служи да им ги избрише на северните пријатели спомените од убавите плажи и прекрасната храна, и да ги испрати дома со горчина.

Е па довидување, драги наши соседи. В година пак.

loading...