Важноста на дедо и баба во воспитувањето на децата

АКЦИЈА

Дедовците и бабите се бесценет подарок за развојот и воспитувањето на децата
Ако размислиме добро, луѓето се единствените суштества кои имаат дедовци и баби кои се вклучени во животите на своите внуци.

Дополнително, многу истражувања ги покажуваат бенефитите од вклучувањето на дедовците и бабите во воспитувањето и развојот на децата. Креирањето на силна поврзаност меѓу бабите и дедовците и нивните внуци е многу корисно за децата, а ова се причините за тоа.

Прво, тие израснуваат среќни деца. Истражувањата покажуваат дека децата кои во текот на своето детство имаат емоционална блискост со своите баби и дедовци поретко се соочуваат со депресија. Едно истражување кое вклучило 375 дедовци и баби и 356 внуци а е спроведено во периодот меѓу 1985 и 2004, покажало дека добрите односи и поврзаност покажале помали симптоми на депресија кај двете страни.

Исто така, едно истражување спроведено во 2012 година покажува дека децата кои растат блиску до своите баби и дедовци имаат повисока емоционална интелигенција. Да потсетиме, многу истражувања покажуваат дека емоционалната интелигенција е многу важна за успег во животот и кариерата.

Исто така, истражувањата покажуваат дека бабите и дедовците живеат подолго доколку се вклучени во животот на своите внуци. Едно истражување спроведено меѓу 500 возрасни во период на 70 години покажува помал ризик од смртност за 37 % кај бабите и дедовците кои имале внуци. Тоа е така поради менталната активност и имањето цел кога станува збор за воспитувањето на децата.

скопје инфо

loading...