Варварите дојдоа

АКЦИЈА
loading...

СЕВЕРНО ОД УМОТ со АЛЕКСАНДАР РУСЈАКОВ

Варварите дојдоа

Почна реденката на Македонија. Која мајка изгубила политичар, еве деновиве кај нас може да си го најде. Столтенберг, Курц, Меркел, Хан, Могерини… тргнаа наречниците кај мртвороденче. А тоа мртвороденчето наречено Северна Македонија станува олицетворение на срамот на сета полтронска западна политика. Погледнете ја само реденкава. Во Македонија започна саемот на политичка проституција. Ги замислувам сите нив одделно. И како изопачената моќ ги држи за уво велејќи им, „Одете во Македонија и помогнете му на Заев, ние го црпнавме, вие мора малку пелени да му менувате“.

А Заев, црпнат. И неговите, црпнати. Дојде Столтенберг, а овие му акнаа улица Столтенбергова. Тамам си помислив дека сега ќе ја преименуваат „Партизанска“ во „Булевар Курцеви карики“, кога тие го пречекаа австрискиот премиер со погрешно знаме. Наместо австриското пред Курц го шибнаа латвиското знаме. Што знаат црпнати кај е Австрија, а каде Латвија? И само што си помислил дека тука е крајот на нивните будалаштини и нашиот срам како држава и народ, ете ти го Заев на Фејсбук, ни кажа дека се сретнал со австралискиот канцелар Себастијан Курц. Нè уби нивната срамота. Го дочекуваш Австриецот со литванско знаме, го испраќаш како австралиски премиер. Смешно во трагичното е што Австриецот на кој му грешиш знаме и име на државата дошол да те убедува да си го промениш името на татковината и идентитетот на нацијата. Ужас!

Излези за ЕУтаназаија на Македонија!

По австралискиот канцелар на Латвија, Себастијан Курц, на саемот на политичка проституција ни доаѓа Ангела Меркел. И таа малку да нè убедува дека ЕУтаназијата е добра ствар. Со каква ли глупост ќе ја пречекаат? Можеби со белгиско знаме. А може да земат неколку од нивните северноцрпнати активисти на интелектуалната бижутерија да вадат и јадат мрсулчиња во знак на поддршка на Јоаким Леф. Најприкладно ќе им биде да кренат рака кон небо и да крикнат „Зи, хаил!“ И онака фрау Меркел е тука како поддршка на нивниот нацистички грчки договор.
Како и да е, почна реденката на Македонија.

До 30 септември евросаемот на политичка проституција ќе ни ги носи наречниците да му гатаат на мртвороденчето Северна Македонија. Наше е да ја издржиме оваа антихумана тортура и притисок. Што пак не е толку тешко затоа што нивниве брутални малтретирања и насиле ги трпиме од независност наваму. Нема да им помине. Сеедно што се јави метузалемот Нимиц. Нормално, со закана, варварите нецивилизирани не знаат поинаку. Ни се закани дека ако овојпат не смениме име тие ќе кренеле раце од нас. Кои се тие? Оние што во името на демократијата, цивилизацијата и западните вредности го уништија светот, ја искасапија планетата, ги силуваат народите, го опустошија битисувањето, го укинаа Бог, духовноста и духовитоста за сметка на нивните материјални себични изопачени вредности. Тие што се сметаат себе за цивилизирана елита, а всушност се потомци на колонизатори, робовладетели, нацисти и фашисти, се доживуваат како носители на врвни вредости, ама се обични варвари со изопачена моќ во рацете. Та преку Нимиц ако кренат раце од нас. Дај Боже да кренат раце од нас! Да здивнеме. Да се соземеме. Да почнеме сами да ја градиме Република Македонија. Како сиот нормален свет.

Среќен празник татковино! Македонија вечна, никогаш Северна!

loading...