Тензично на Косово: По блокадите на ветерани на УЧК , се слушаат и рафали (ФОТО)

АКЦИЈА

Ветерани на УЧК ги блокираа сите приодни патишта кон селото Бање во намера да оневозможат доаѓање на српскиот претседател Александар Вучиќ во населбата јужно од реката Ибар, каде меѓу мнозинските Албанци живеат околу 300 Срби, па косовската власт ја откажа посетата од безбедносни причини.

Српските медиуми јавуваат дека патиштата се блокирани со градежни машини и камиони, а бројот на блокади кон Бање се зголемува. РТС јавува дека демонстрантите против Вучиќ палат автомобилски гуми и дека на терен се слушаат рафали.

Вучиќ на веста за блокадите кажа дека проблемите треба да се „решаваат со зборови и ум, а не со оружје“ и дека тој „уште посилно ќе се бори за мир и заштита на Србите на Косово“.

Колоната на српскиот претседател се упати кон Косовска Митровица.

Српскиот министер Александар Вулин изјави дека блокадите ги поставиле вооружени ветерани на терористичката УЧК и дека за тоа е одговорен претседателот на косовското собрание Кадри Весељи. Небојша Стефановиќ, Српксиот министер за внатрешни работи, порача дека „сега се на испит КФОР и косовската полиција бидејќи нивната работа е да го заштитат Вучиќ при постетата на Косово“.

loading...