Росоклија: НЕДЕЛНО РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА НАШИТЕ ДЕЦА

АКЦИЈА
loading...

НЕДЕЛНО РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА НАШИТЕ ДЕЦА

Кога ќе ги пофалат моите деца (4) за ,,успесите”, мојот коментар е:

– Толку пари се инвестирани во нив (од $250.000 до $750.000 за едно дете во зависност од видот на студии), срамота е да не се успешни. Истите пари инвестирани во многу други деца верувам дека би ги дале најмалку истите, а скоро сигурно е дека би дале и подобри резултати. Исто како македонскиот национален тим во Скијање. $5,000+ за едно дете годишно, меѓу кои и моите деца. За тие пари, децата од Лисец би биле светски шампиони…”

На прашањето зошто не прават позитивна селекција на кадри, партиските лидери одговараат дека мораат прво да ги задоволат партиските потреби па ќе почнат со позитивна селекција. Додека да почнат, Македонија се зацврсти на дното во секоја област на човековото делување, а сЕ почнува со образованието.

За да не звучи како претерување еве ги бројките исклучиво за студирање на идниот доктор меѓу моите деца (приватна гимназија $25,000, колеџ $250,000, магистерски студии $60,000, медицински факултет 440,000).

Родителот своите пари ги инвестира во своите деца, општеството ги инвестира во најдобрите, а тие најдобри скоро никогаш не се децата на власта.

Не затоа што се глупави, иако често сЕ, туку затоа што кај тие деца е загубена мотивацијата да се изборат за успех, да го извлечат најдоброто од себе. Родителот им ги отвора сите врати кои остануваат затворени за подобрите од нив, а и самиот родител е негативен пример, има висока општествена функција и привилегии, а никогаш не постигнал професионален успех макар до Врање или Ќустендил.

Македонија е земја во која на младиот човек му е уништена надежта, разбиен сонот, одземен кислородот.

Многу од нив ќе гласаат за, во надеж дека Брисел ќе наметне промени, а Брисел за да владее со земјата ќе продолжи да ја поддржува корупцијата во која и самиот учествува, имајќи ја Македонија во целосна зависност и послушност.

Територија на недопирливи за недопирливи, луѓе, отпад, рудници на смртта.

Гневот на луѓето кој е сега усмерен кон властодржците (бивши и сегашни), ќе се сврти кон Брисел кој ,,не изневерил”, иако Брисел не ни ветува ништо (ако слушаме што ни зборува).

Апсолутно ништо освен да прифатиме дека не сме постоеле, не постоиме и нема да постоиме.

loading...