Вкусна брза проја – Рецепт

АКЦИЈА
loading...

Овој пат за сите љубители на проја, споделуваме рецепт за брза проја со јогурт. Испробана и вкусна, ја препорачуваме.

Порции

6 лица

Состојки

3 јајца
1/4 л. масло за јадење
1/2 л. јогурт
250 гр. пченкарно брашно
5-6 лажици брашно
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
сусам

Подготовка

Во длабок сад изматете ги јајцата. Додадете сол и продолжете со матење со миксер. Откако добро ќе се изматат јајцата се додава маслото за јадење и јогуртот. Пченкарното и пченичното брашно се мешаат и во нив се додава прашокот за пециво. Во изматените јајца мешајќи со лажица се додава брашното и се внимава да не се направат грутчиња.

Смесата се истура во правоаголни калапчиња обложени со хартија за печење или во калапчиња за мафини. Одозгора се посолува со сусам и се пече околу 40 мин на 180 степени.

Во оваа смеса за проја по желба се додава дробено сирење, сецкан морков, сецкана шунка и магданос.

loading...