МАКЕДОНИЈА БАРАЛА АВТОНОМИЈА ВО 1880

АКЦИЈА
loading...

РУСКИОТ ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛ ВО СОЛУН:
НА ОПШТО СОБРАНИЕ БИЛО ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕТО
ЗА АВТОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. ЗА ТАА ЦЕЛ БИЛА СОСТАВЕНА ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА ОПОЛННОМОШТЕНА ДА ЈА БАРА АВТОНОМИЈАТА

(11 август 1880 год.)

“Руско генерално конзулство  Но 281
Од 30 јули/11 август 1880 г.  Солун

До Пресветлиот Алексеј Борисович Лобанов-Ростовски
Пратеништво на Н.И.В во Цариград

Ваше превасходство,

Пред извесно време мојот гаваз ми донесе еден затворен плик, во кој најдов едно придружно писмо до Неговото Императорско Величество и едно протоколарно решение, потпишано од некаква Привремена влада на Макердонија, кои во прилог на писмово Ви ги испраќам. Дозволете ми,…да забележам нешто во врска со гласовите што се шират овде во Солун, а кои се однесуваат за наводната Привренмена влада на Македонија, која, секако, се наоѓа на планината Грамос.

Уште пред објавувањето на Руско-турската војна, во Атина бил создаден еден Славомакедонски револуционерен комитет, во кој влегувале Македонци, кои живееле во Атина, предимно костурчани. Комитетот имал цел да крене востание во Македонија, откако заедно ќе настапи со сличен комитет за добивање автономија на Епир и Тесалија. Славомакедонскиот  револуционерен комитет си поставил задача да образува Славомакедонска легија, која ќе дејствува со легални и нелегални средства, а имено преку митинзи, преку весниците и со оружје, доколку притреба. Една од истакнатите личности на таа легија е познатиот учесник во Кресненското востание, бувскиот поп.(Поп Костадин од с. Буф, Леринско, учесник како војвода во Кресненското востание, н.б.)

Легијата не можела да предизвика востание во Македонија, ниту да учествува во востанието, кое избувна во источниот дел на оваа земја. Но, по задушувањето на востанието, главниот и раководен деец, грцизираниот Леонид Вулгари (Леронид Вулгари, аклиматизиран Македонец и борец за ослободувањето на Македонија, н.б.) не престана да се интересира за положбата во Македеонија. Тој пред извесно време го беше посетил Пловдив да побара поткрепа од румелиската влада за да образува чети и да замине во Македонија. Мисијата, меѓутоа, не му успеала, поради што испратил специјален пратеник во Родопите, за да се сретне со македонските востаници и да им предложи заеднички да дејствуваат во Македонија, до извојувањето автономни права на својата земја. Македонските востаници со недоверба го сретнале Леонид, макар што му ветиле соработка. Тие изјавиле дека е неопходно да се води општа борба против турското господтво. И двете страни, меѓутоа, не можеле да се оградат од националните цели на соседните земји, Бугарија и Грција.

Независно од разликите во гледиштата на земјите на кои им служеле, и македонските востаници и Вулгари дошле до едно заедничко решение, да ја продолжат заеднички борбата за автономија на Македонија, за чија натамошна иднина ќе решава македонското население. Така, според сигурни податоци, дошло до заеднички акции на востаниците од источниот и јужниот дел на Македонија.

Овој увод го поднесувам,…за да можам да Ви појаснам кој стои  зад Привремената влада на Македонија на Грамос Планина. Зад неа, секако, стои спомнатата Легија на Македонците, која и натаму има задача да се бори за автономија на Македонија. Овој пат се исклучува можноста за какво било присоединување на оваа територија кон двете бугарски области или кон Грција.

Овде постои мислење дека Привремената вада на Македонија на Грамос претставува политичка игра на грчката дипломатија. Наводно, раководителите на андартските чети имаат интерес да го прикажат своето движење како општомакедонско. Меѓутоа, колку и да има вистина во ова тврдење, кое доаѓа од бугарска страна, факт е дека Платформата на Привремената влада на Македонија на Грамос и Привремената влада на Македонија  на Пирин е автономијатата на Македонија при една рамноправност на сите нејзини жители, без оглед на која националност им припаѓаат.

Прилог: Протоколарно решение на Привремената влада на Македонија.

Повелете да ги примите, Ваше превасходаство, уверувањата на мојата длабока почит.

Н. Уљанов”

С. Димевски, Привремената влада на Македонија…,
Разгледи,  1-2, 1973,  стр. 173-180; Љ. Лапе,
Одбрани текстови…, ИИ, стр. 254-255;

Привремената влада на Македонија – Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владата била создадена 1880 година во Гремен (Островско) и требало да ги застапува интересите на сите Македонци без разлика на нивната вера и народност, пред Големите сили. Таа се залагала за Автономна Македонија, но и за создавање на македонска самостојна држава. Владата дејствувала до 1881 година, кога нејзината работа замрела.

За решавање на македонското прашање, Привремената влада имала две варијанти. Првата варијанта претставувала Автономија на Македонија во рамките на Отоманската империја и тоа преку реализација на членот 23 од Берлинскиот договор, втората варијанта предвидувала доколку не се реализира споменатиот член 23 да се крене востание во Македонија и да се создаде самостојна и независна македонска држава. Според втората варијанта, самостојна македонска држава се поврзувала со воспоставувањето на древна Македонија, и од тука произлегле неколку полемики помеѓу историчарите, зошто Народното собрание и Привремената влада на Македонија – Единство иднината на идната самостојна држава ја поврзале со Античка Македонија на Аристотел и Александар. Еден дел од историчарите во ваквата формулација гледаат влијание на грчката пропаганда, но најверојатно е дека дејците на Привремената влада биле под влијание на романтичарскиот занес.

Влијанието на Привремената влада на Македонија – Единство

Владата не успеала да повлијае врз странските конзули во Македонија, а оттука и врз големите сили, од друга страна пак условите за кревање на едно востание не биле погодни и затоа владата се откажала од идејата за востание и продолжила со својата четничка организација. Владата немала своја сопствена организација и војска, била во контакти со одделни чети и војводи, но тие не биле доволни за кревање на едно општо внатрешно востание. Владата повеќе претставувала израз на Македонци кои биле незадоволни од состојбата во Македонија. Владата немајќи свој сопствени сили и првенствено дисциплинирана организација постепено згаснала, но силно влијаела врз понатамошниот развој на македонското националноослободително дело и во развојот на македонскиот национален индивидуалитет.

loading...