Заев до Меркел: Вашата посета e голема чест, ќе возвратиме со успешен референдум!

АКЦИЈА
loading...

„На денешен ден пред 27 години граѓаните масовно излегоа да гласаат за својата назависност. Затоа прв пат имам чест токму на овој ден да посакам добредојде на еден германски канцелар. Јас сум благодорен и среќен што имаме сојузници со кои делиме исти вредности. Поддршката што ја добиваме е огрома и пријателска. Овој гест е инсперитивен за нас и ни помага да изградиме силно општество кое се темели на европските вредности. Оваа посета е знак дека големите сили го поддржуваат договор со Грција, па затоа сме подготвени да го направиме историскиот чекор, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со Ангела Меркел.

Тој уште еднаш истакна дека посетата на Меркел е голема чест за македонскиот народ.

-Ни правите голема чест. Јас, Владата и нашиот народ сме многу среќни поради тоа. Ќе возвратиме со успешен референдум, заклучи Заев.

Фактор.мк

loading...